ОГЛАСИ

Охридските пратеници бараат државата да ги субвенционира штетите од земјотресите

Вести | Охрид | 17.07.2017 14:13Посети : 11688

Охридските пратениците од ВМРО ДПМНЕ поднеле амандмани на ребалансот на државниот буџет за субвенционирање на штетите од земјотресите и субвенционирање на станоиздавачите кои поради честите потреси имале помал број на гости.


Како што појасна пратеникот Љубен Арнаудов, во просек, субвенцијата треба да изнесува 37.500 денари по кревет или вкупно околу 10 милиони евра.



- Тоа е бројка која би требало да биде исплатена за директни штети. Истовремено треба да се пресметаат и индиректните штети за бродарите угостителските објекти итн. СДС наместо да издвојува големи суми за вработување на партиски послушници, за набавка на морски плодови за трпезите во владата, треба да покаже доблест и да го изгласа овој наш предлог за доброто на Охрид и граѓаните, рече Арнаудов.


Според Арнаудов, поради земјотресите, бројот на домашните гости во Охрид значително е намален, повеќе од 80% резервации биле откажани, а останати се само субвенционираните туристи со мерките на владата на ВМРО ДПМНЕ.

- Најголема штета од земјотресите имаат станоиздавачите од кои повеќето имаат земено кредити, инвестирале во објектите и се надевале дека ќе можат да ги вратат позајмените пари преку добивката остварена во текот на сезоната, но и да заработат нешто за егзистенција. Додека станоиздавачите и хотелиерите се соочуваат со егзистенционални проблеми владата на СДС молчи, иако има обврска да се грижи за граѓаните, вели Арнаудов.


Во Охрид има 17.000 легла од кои 13.500 се во приватни апартмани, а 3.500 се хотелски.


OhridNews



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 919 гласови (37%)

Не - 657 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 939 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833