ОГЛАСИ

Забава и учење со „Моја Кравица“ на спортскиот летен камп во Охрид

Спорт | Охрид | 17.07.2017 14:38Посети : 771

Чоколадното млеко „Моја Кравица“ израдува над 150 деца од Македонија, Србија и Бугарија во рамките на спортско-едукативниот летен камп во Охрид. Како партнер на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“, компанијата Бимилк учествува и во едукативните содржини што се предвидени во рамките на летниот камп што се одржува во Охрид.



Имено, присутните деца на возраст од 8 до 15 години имаа можност да учат и да се забавуваат преку едукативни игри на работилницата насловена како „Биди дете со чоколадно млеко Моја Кравица“.



Имајќи цел да го разбуди детето во секој од нас, но, истовремено, и да ја потенцира важноста од консумирање здрави и вкусни намирници, работилницата опфати теми поврзани со придобивките од внесување на потребните витамини, минерали и хранливи состојки неопходни за правилен раст, развој и нормално функционирање на метаболизмот.



Децата учеа за витамините Д, А, Б6 и Б12, кои ги содржи чоколадното млеко и за тоа која е нивната функција во организмот, но и се забавуваа преку интересните игри како што се „Расипан телефон“, „Погоди кој сум“, „Икс-нула“ со ликот на Моја Кравица и сл.

„Една од главните цели на кампот е токму афирмација на здравиот начин на живот, како и презентација на несекојдневни спортски дисциплини, забава и социјализација преку спортот и културата. Во таа насока, навистина ми е драго што оваа година имаме партнер што преку своите активности истовремено ги обединува и здравиот живот и забавата и спортот за сите деца“, изјави Иван Цветковски, претседател на Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ.



Резултатот од работилницата, но и севкупното учество на Бимилк во рамките на кампот, е среќни деца, задоволни лица и широки насмевки. Токму затоа, Бимилк и натаму останува посветена на афирмација на здравите навики и на обезбедување среќно детство за сите.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 588 гласови (30%)

Не - 1349 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833