ОГЛАСИ

Отворена: Доаѓат доларите

Отворена | Писма | 20.07.2017 07:00Посети : 4778

Комунистичките општества патеа од хроничен недостаток на западни девизи. Еден начин да се соберат што повеќе долари и марки од странските туристи беше тие да платат многу повисоки цени за хотелски услуги влез во музеи и слично.



Денес цените на хотелските услуги се имаат изедначено, тие се исти како за домашните како и за странските туристи. Но се' уште, во Охрид на пример, цените за посета на повеќе знаменитости се дупло поскапи за странските туристи. За влез во Света Софија странците треба да платат дупло повеќе од домашните туристи. Слична е ситуацијата и во останатите објекти како Самоиловата тврдина, Свети Јован Канео, Плаошник и други.



Ситуацијата станува уште поапсурдна кога еден домашен турист со желба да ги прошета своите странски гости и тој треба нив да им го објасни нелогичниот ценовник. Тоа се разбира е многу тешко посебно што трендот во европските земји е да влезот во музеите биде бесплатен.


Уште потешко е да се објасни зошто се наплаќа влез во црква - нели верските храмови треба да се отворени за сите што сакаат да запалат една свеќа а не само за оние што имаат пари да платат влезница.

Јован Христовски

P.S. Меѓу другото да се спомни и вегетацијата околу Свети Јован Канео. Дрвјата толку имаат пораснато што црквата (симболот на Охрид) наскоро нема да се гледа. Затоа надлежните треба да ги поткастрат дрвата околу црквата.


Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833