ОГЛАСИ

Колумна: Ах бре Кољо, Зокота ти го скрши кичмана

Отворена | Колумни | 24.07.2017 09:07Посети : 3963

Уф добра финта. Добраааа еееее. Ќе си пукнит Никола шо не се сети. Ќе се искинит ко новина. А ете го виде ти Зокота? Се сети бре мајчин тој. Ах Коле Коле, да се сетеше и ти, сега ќе си свиркаше ќе ти беше пенис ти е двор ти е.


На толку работи шо се сети, досетки, вицој, хакерски потези, џамахириски одлуки, колумбиски акции ......да не се сетиш да се заштитиш? Е виш Зокото си се сети и сега не му дремит, никој ништо не ќе му мојт. Не само министерот без ресор, абре сите ресори, абре цела Влада и сам Зајко ќе си е сега паша, цар.


Ако дојт до следното: (недај Боже)


Некој новинар: Премиере кој е крив уште НСРМ шо не е во НАТО, ЕУ, народот е посиромашен, кој стигна пак кредит, шо го снема патот Охрид – Кичево.....кој премиере кој? Зар немате грижа на совест дека е ваква ситуацијава? Не се осеќате крив?
Зокота: Одма да ви кажам. Никаква грижа на совест немам? Јас не ви сум крив. И за НАТО и за ЕУ и за сиромаштија и за патот и за кражби и за све, не јас ЦАЦКО ви е крив.


Е бре Коло аџамија. Како ф`тна ти така , та Зоранчо те надмудри. Си го вработи Цацко. Ти го скрши кичмана. Не на брат му, во тебе ти го скрши. Е пас сега СЈО бате. Шо друго.
Абе сетено дете е тој Зоки. Алал да му е. Ги броев чекорите на Владата на државава и сега не тврдам колку избројв ама направ еден сумарум. Добар биланс имат. 50-50. РДТ да се укинит, НЕ. Промена на закон за пушење ДА. Па и не е лошо да ти кажам. Нека си останит со Радиодифузнава такса з`ш и јас мислам дека им требит помош на сите во МТВ. Ваљда директорон ќе им купит чешли на презентеркине, тро шминка чоечка, а и вервам дека ќе ги пратат на курс за македонски јазик, да им го тргнат тој скупскиот од муцка зш се национален сервис. Се надевам дека шо побрзо “терму пичката“ ќе си станит како шо си е “термо печка“. 


Ашколсун и за законот за пушење. Мада се думав малку како ќе му се олеснит на пушачите, а истовремено немат да ги дискриминализират непушачите. Ај за нив незнам, ама за нас пушачите незнам како ќе ни се олеснит. З`ш ние пушачите никогаш не сме биле дискриминализирани нити сатанирани нити некако малтретирани. Едноставно ко дојде законов ни скинаа по едно уше за да знает сите дека пушиме и не да бегет од нас туку да идет да им пушиме. Плус ние како македонски народ немојме без пушење ништо да напрајме. Со векој пушиме. Зато мораше да се дајт некое олеснување за македонскиот пушачки народ. З`ш до сега некако пушевме инцидентно поединачно, ама ова шо се случвит последно време веќе преминвит во масовност. Земат замав. Само дан испаднит на крајот како секогаш во оваа пушачка акција едните да пушат и очите да им солзат, а другите да си уживет.


ЏИМИ


Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833