ОГЛАСИ

Емисијата на јаглерод диоксид мора да се намали за да се избегнат екстремни климатски промени

Занимливости | Македонија | 24.07.2017 09:56Посети : 850

Луѓето мораат да започнат со намалување на јаглерод диоксид од атмосферата што побрзо, со цел да се избегне соочување на идните генерации со екстремни климатски промени и трошење на милијарди долари за справување со нив. За да се спречи тоа количеството на јаглерод диоксид во атмосферата треба да се намали за 12.5%.

Според научниците, ова може да се постигне со садење дрва и зголемување на плодноста на почвата. Овој процес има релативно ниска цена, но доколку не се преземат мерки навреме, ќе треба да се постават уреди за собирање на јаглерод диоксид во инсенераторите ширум светот, што би имало многу повисока цена. Се предвивува дека ваквиот индустриски процес би чинел околу 535 трилиони долари и има висок ризик и непредвидлив исход.



Светот веќе ги има надминато границите за количеството на гас во атмосферата што предизвикува ефект на стаклена градина и границите за глобалната температура. Потребно е итно намалување на емисиите на штетни гасови предизвикани од согорувањето на фосилните горива и преземање мерки за намалување на количеството на јаглерод диоксид во атмосферата. 


Оваа студија е дел од револуционерна тужба против владта на САД, поднесена од страна на 21 дете кои се борат за нивните уставни права за живот во здрава околина, што е попречено од политиките на владата. Доколку децата го добијат случајот, владата на Трамп ќе мора да ги намали емисиите на штетни гасови и да преземе други мерки за да се спречи глобалното затоплување. 



Кога последно температурите биле олку високи, за време на Емскиот период, нивото на морињата и океаните било од 6-9 метри повисоко отколку денес, што значи дека допрва не очекува значително зголемување на нивото на водите. 


Научната фела верува дека децата можат да го добијат случајот на суд. Судот не може да и каже на владата што да прави, но неуспехот за решавање на проблемот ќе ги натера политичарите да смислат поефикасен план.

Сите негативни последици како топењето на мразот на половите и ослободувањето на јаглерод од почвата, би се избегнале со драстично намалување на емисиите на штетни гасови. Со ова би се намалил ризикот на излегување од контрола на климатските промени и луѓето би добиле време да развијат соодветна технологија за преземање на понатамошни мерки за дополнително намалување на климатските промени или адаптација на истите.



Научниците предупредуваат дека зголемувањето на нивото на водата во морињата и океаните за еден метар можеби е неизбежно дури и ако се намалат емисиите на штетни гасови и дека тоа ќе има страшни последици, а доколку морското ниво се зголеми за неколку метри, тоа ќе резултира со хуманитарна и економска катастрофа. 


Имајќи го предвид фактот дека голем дел од глобалното население живее во крајбрежни области, постои можност од миграција на стотици милиони луѓе.


А.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 290 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833