ОГЛАСИ

Излезе од печат новото издание на „Наше Здравје“ со корисни совети за заштита на здравјето во жешките летни денови

Живот | Здравје | 25.07.2017 10:22Посети : 3310

Новиот број на магазинот за здравје и современ живот „Наше Здравје“, донесува интервју со познатиот очен хирург и директор на новата очна болница „Деница“ во Скопје д-р Наум Трпеноски, едукативни содржини за безгрижен одмор и корисни совети на стручни лицано за опасностите кои демнат во лето. Како да се заштитиме од опасните UV зраци, изгореници, која е важноста на пробиотиците во развојот на децата, но и совети од областа на стоматологијата и традиционалната медицина, ќе најдете во летното издание на „Наше Зравје“ кое штотуку излезе од печат.



-Лето е. Време е за опуштање, но внимателно. Здравствените работници, но и синоптичарите предупредуваат дека минуваме одвреме - навреме низ жолти и портокалови фази, во кои сонцето и високите температури можат да предизвикаат несакани последици, не само кај повозрасните, туку и кај децата и младите. Ако сами не се грижиме за своето здравје, тогаш кој треба тоа да го прави за нас?  - вели главниот уредник на „Наше Здравје“ фармацевт м-р Марица Угриноска Баткоска.


 


Издавач на магазинот „Наше здравје“, кој веќе се етаблира во медиумскиот простор како квалитетно и корисно четиво, е ланецот аптеки „Виа Фарм“ во соработка со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Извршен уредник е Горан Момироски, уредник Мишо Китаноски, графичкиот дизајн е на Антонио Стаматоски, a техничка поддршка пружи OhridNews.



Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во комплексот „Св. Ѓорѓија“ во Охрид, во јавните здравствени установи и болниците во Охрид и Струга, како и во познати хотелски и угостителски брендови, модни салони и други препознатливи места во регионот и пошироко. 


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 404 гласови (40%)

Не - 88 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 529 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833