ОГЛАСИ

Промоција на проектот „Извештаи на рисот“ од Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски

Живот | Книга | 28.07.2017 07:00Посети : 1858

Во рамки на научната уметничка визита 2017 на МАНУ, во соработка со манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, денеска, 28-ми јули, ќе биде промовирана проект - книгата „Извештаи на рисот“ од авторите Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски.

Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Иван Џепаровски.



Стихозбирката „Извештаи на рисот“ е оригинален и уметнички кохерентен проект составен од песни на поетот Славе Ѓорѓо Димоски и цртежи на сликарот Сергеј Андреевски. Книгата на 44 страници содржи дваесетина песни од Димоски и исто толку цртежи од Андреевски, распоредени во неколку циклуси. Таа претставува метафоричко-алегориски однос кон актуелното време, пред сѐ врзано за нас самите. „Извештаи“ како строго полициски термин и „Рисот“, амблематичен лирски субјект којшто е симбол на индивидуалноста, на слободата и на дивиот порив, тајновито присутен во сенчестите агли на недопрените гори, но кој исчезнува или веќе е исчезнат. 


Книгата со својот концепт и самиот наслов има и еколошка димензија да ја подразбуди свеста за исчезнувањето на рисот од нашите планини. Меѓу примероците на промоцијата ќе има и книги кои содржат оригинален потпишан цртеж од сликарот Сергеј Андреевски. 


Промоцијата ќе се одржи во куќата на Уранија во Охрид со почеток во 20 часот. 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1388 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833