ОГЛАСИ

Концептот на паметен град е решение за сообраќајниот метеж и влог во иднината на Охрид

Вести | Охрид | 30.07.2017 07:00Посети : 4277

Со сообраќајна мрежа проектирана пред повеќе децении во услови на неразвиен сообраќај, Охрид кој денес во шпицот на сезона дневно прима по десетици илјади автомобили има потреба од современо сообраќајно решение кое ќе ги следи светските трендови на одржлив развој, смета експертската јавност. Таков е концептот на „Smart Ohrid“ кој го развива невладината „Еко свест“ со помош на еминентни стручњаци. Тој предвидува изградба на велосипедска патека околу целото езеро, модернизација на јавниот сообраќај и дестимулативни мерки за користење лични автомобили.



Концептот "Smart Ohrid" (Паметен Охрид) кој е во фаза на предфизибилити студија, предвидува одржливо сообраќајно решение од градот до Св. Наум каде треба да биде изградена велосипедска патека, која во иднина би се продолжила на целото езеро, развој на бродскиот сообраќај со пловни објекти кои ќе користат соларна енергија и модернизација на јавниот превоз.


- Посебен акцент е ставен на јавниот превоз. Концептот предвидува нови постројки, нови автобуси, повеќе линии, можеби и електронско управување, со цел граѓаните да имаат повеќе можности во користењето на автобуси, комбиња и слично. Исто така концептот "Smart Ohrid" предвидува мерки за дестимулирање на користењето на личните автомобили, паркирање на влез од Охрид, како и воведување такса за возење автомобили со цел да се поттикнат луѓето да користат јавен превоз. Овој концепт сега се разработува, се разгледува еколошката и економската рамка во фаза на предфизибилити студија која кога ќе се доработи ќе ја дадеме на државата за имплементација со идеи како да се финансира. Не сакаме да остане во фиока, имаме волја и елан да го истуркаме овој концепт да стане реалност. - изјави Стефан Бужаровски, професор на Универзитетот во Манчестер - Англија, каде работи во истражувачкиот центар за одржливи еколошки решенија за урбан развој.



На Охрид кој е под силен притисок на  туризмот му се потребни нови политики на развој, што значи следење на светските трендови во планирањето на живеењето во целиот град, смета архитектот Даница Павловска.


-Дали ќе се преиспита целиот сообраќаен систем на ниво на планерски документи како што е ГУП-от, или ќе се направи некаква студија, сето тоа како чекори добро е да се смести во еден акционен план кој ќе укаже на динамика и следователност на тие документи кои ќе се имплементираат по одреден редослед. За тоа треба да се заложи и заедницата, посебно државата која и финансиски треба да помогне, дали преку банкарски кредитни линии или преку буџетот да се поддржат овие неопходни активнсости, бидејќи сведоци сме на притисоците кои особено во лето ги трпи Охрид кој е светско културно наследство кое треба да го заштитиме, на што не обврзуваат и меѓународните конвенции кои сме ги потпишале. - рече Павловска.



Концепто "Smart Ohrid" во суштина нуди алтернативни решенија за користење на природните ресурси со цел тие да се зачуваат за идните генерации, односно напуштање на идејата за развој на масовен туризам, што подразбира изградба на големи ресорти во заштитените зони на националниот парк и езерото. 


-Сега е клучниот момент кога оваа наша држава треба да одлучи по кој пат да оди. Сметаме дека сега е момент да се сврти листот и да се започне со политики и практики кои што ќе значат заштита на животната средина и човековото здравје и тоа не по цена на економијата или туризмот, бидејќи тие две работи реално можат да одат заедно и одат заедно во голем број земји. - истакна Ана Чоловиќ Лешоска од невладината „Еко свест“.


Концептот "Smart Ohrid" им бил презентиран и на локалната самоуправа и на владата кои покажале интерес за негова имплементација.


Г. Момироски

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 479 гласови (34%)

Не - 390 гласови (28%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 524 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833