ОГЛАСИ

Премиера на „Охридско лето“: „Кралот Лир“ низ призмата на извонредниот Диего де Бреа

Култура | Охрид | 31.07.2017 12:01Посети : 565

Во продукција на реномираниот Турски театар од Скопје, а во рамките на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, синоќа премиерно се одигра една од најпознатите шекспирови драми „Кралот Лир“.



Врвниот режисер Диего де Бреа, кој веќе е докажан и во Македонија, го прикажа Кралот Лир на свој, автентичен и воодушевувачки начин. Низ претставата Лир го истражува човековото патување во темнините и бездните на смртта. Преку овој проект, на невообичаен и автентичен начин, како што умеат само режисерот и актерите, беше прикажано како стариот крал се откажува од власта и моќта.



Главниот лик го игра актерот Џенап Самет кој вели дека процесот на подготовка на самата драма, иако исцрпувачи, сепак бил феноменален.


- Ликот и улогата на кралот Лир бара огромна претходна подготовка и посветеност. Подготовката за претставата траеше околу четири месеци, а јас се приклучив пред околу еден месец до самата премиера, што е навистина огромен предизвик и тешка задача. Процесот на подготовка беше феноменален, иако беше премногу исцрпувачки. Искуството со режисерот Де Бреа е едно неповторливо и уникатно искуство и сметам дека секој актер барем еднаш во својата кариера би требало да искуси ваква невообичаена подготовка. Режисерот е редок со еден збор, не велам дека е толку различен, но неговиот систем на работа е различен. Сака чувства, но и целосна психолошка анализа. За разлика од сите други верзии на ликот на Лир, овојпат кралот е значително помлад, но тоа се некои стари размислувања. Диего де Бреа режира живот, според него ова не е театар, туку живот, зашто се случува, изјави актерот Самет.



Турскиот театар од Скопје е чест гостин на на фестивалот „Охридско лето“. Поранешниот директор на театарот, Атила Клинче, кој е и организатор на проектот „Кралот Лир“, е задоволен од фестивалската публика што доаѓа секоја година на нивните претстави, но и од менаџментот на „Охридско лето“.


- Турскиот театар има одлична соработка со фестивалот „Охридско лето“ и секако, со драмскиот селектор Зоран Љутков. Како резултат на таа долгогодишна соработка, излезе премиерата на „Кралот Лир“ токму на ова 57. издание на фестивалот. Турскиот театар има позитивен повратен ефект и контакт и со публиката на „Охридско лето“. Константна беше посетеноста и на останатите наши претстави на овој фестивал. Особен придонес за тоа има и обезбедениот превод на секоја од претставите, што го доближува театарот близу до публиката од различна јазична припадност, појаснува Клинче.



Театарската претстава „Кралот Лир“ е проект одобрен од страна на Министерството за култура за годинава. Уште пред да биде премиерно изведена во Охрид, Турскиот театар доби покани за соработка и учество со оваа драма на фестивали во државава и надвор од нашите граници. Нејзината следна изведба ќе се одржи во октомври во Нови Сад, Република Србија, во рамките на првото издание на Фестивалот на малцински театри.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833