ОГЛАСИ

Мултимедијален проект на „Охридско лето“

Култура | Охрид | 08.08.2017 09:41Посети : 1608

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ денеска ќе биде претставен мултимедијалниот проект „ Човек е трепет, и ангелот трепт е, а ти Боже мој....“ од уметникот Драган Спасески Оxридски.



Спасески (роден 1960 год., доктор-специјалист ортопедски хирург) соединил три големи теми во сликарството од која секоја има духовен карактер, своја историја и карактеристики, а понекогаш и проткајувања. Создавајќи прв во Македонија и меѓу малубројните во светот на сликарството што имаат одлики на религиско, еротско и фантастично, отворил нови изразувачки можности, длабоко свесен дека поголемиот број уметници во модерната и постмодерната имаат сосема недуховен, лишен од каков било повисок или спиритуален интерес.


Во прашање е сликарство кое се движи од реализам, кога е во прашање портретот, до асоцијативна симболика, кога станува збор за фигуративната симболика.


Спасески досега ги реализирал следните мултимедијални проекти: Апокалиптичен Нарцис (1989 год.), Сè трепери (1996 год.), Блиску до сонцето и љубовта мракот помалку боли (1999 год.), Вибрација креација совршена релација (2001 год.), Охридски ангели (2003 год.), Погледни во себе (2004 год.), Трите точки (2008 год.), Охридски бисери на мудроста (2010 год.), Битолска трилогија (2011 год.).


Скоро сите мултимедијални проекти се составени од изложби на ликовни дела и промоција на книги поезија со истоимениот наслов како и  мултимедијалниот проект и архитектонски-ентериерни креации.


Новиот мултимедијален проект е насловен во форма на хиаку песна:


човек е трепет


и ангелот трепет е


а ти Боже мој...


Овој проект што ќе биде презентиран денеска во црквата „Света Софија“ со почеток во 22 часот претставува доживување на уметноста како дел од бесконечноста и вечноста продолжувајќи ја љубовта кон човечкото...ангелското и Божјото...


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1240 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833