ОГЛАСИ

Објавени книгите кои се во потесниот круг за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017

Култура | Охрид | 08.08.2017 16:17Посети : 555

Жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ – за најдобра поетска книга на македонски јазик, издадена помеѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата, од пристигнатите 38 книги од 37 автори на конкурсот, направи поширок избор од 10 книги, согласно Правилникот за наградата. Беа избрани следните книги (според абучен ред на презимето на авторот): Лидија Давидовска, Духовна архива,  Антолог, Јовица Ивановски, Со слободна рака, Табернакул, Зоран Јакимоски, Задачите се зададени, ПНВ Публикации, Јосип Коцев, Напишана тишина, Или-или, Владимир Мартиновски, Внатрешни планини, Кликер маркетинг, Трајан Петровски, Јас и Црна Арапина, Македонска реч, Михаил Ренџов, Јас. Елегии, Макавеј, Благој Самоников, Непроѕирна светлина, Центар за културна иницијатива - Штип, СУМ, Наташа Сарџоска, Жива вода, „Макавеј“, Стојан Тарапуза, Скаменет сон, Дијалог.



Во потесен избор од пет книги жири–комисијата ги избра следните поетски остварувања (според азбучниот ред на презимињата на авторите): Со слободна рака од Јовица Ивановски, Напишана тишина од Јосип Коцев, Внатрешни планини од Владимир Мартиновски, Јас. Елегии од Михаил Ренџов, Жива вода од Наташа Сарџоска.


Составот на жири-комисијата, согласно Правилникот за работа, и понатаму останува таен до донесувањето на конечната одлука. Како и во изминатите неколку години во посебна програмска содржина на претстојниот фестивал ќе бидат претставени поетите чии книги се нашле во потесниот избор од пет книги, на ден пред официјалното соопштување на добитникот. Добитникот на најпрестижното годишно национално признание за поезија во Македонија, наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017, ќе биде соопштен на официјална прес-конференција на жири комисијата која ќе се одржи за време на фестивалот на 25.08.2017 година. Оваа година СВП за половина го зголеми фондот на најпрестижната книжевна награда за творештво на македонски јазик, а како дел од истата е и превод на книгата на добитникот на еден странски јазик.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1284 гласови (89%)

Не - 165 гласови (11%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833