ОГЛАСИ

Охридски трубадури 2017: Покрај македонската елита и пејачки ѕвезди од Балканот

Занимливости | Охрид | 10.08.2017 11:39Посети : 2103

Се комплетира мозаикот за 24-то издание на интернационалниот музички фестивал Охрид фест – Охридски трубадури 2017. Во повеќе студија во Македонија се снимаат песните за фолк и поп вечерта а исто така во завршна фаза е и проектот за сценографијата. Утврдени се и термните на одржувањето на фестивалот – 5, 6,7 и 8 септември и неговата локација – кеј на Охридското Езеро, веднаш до хотелот Нова Ривиера, информира организаторот.


Во завршна фаза е и комплетирањето на списокот на странските пејачи кои ќе настапат на интернационалната вечер - Маја Николиќ (Србија), Маја Оџаклиевска, Валентино (БиХ), Нуша Деренда (Словенија), Кристијан Рахимовски-Кики (Хрватска)..... 


На Фолк вечерта со премиерни песни ќе се претстават Благица Павловска, Горан Кукиќ, Петар Нечовски, Ленче Кукиќ, Милан Секуловски, Нино Величковски, групите, Скопски боеми, Соната и други. Во рамки на оваа вечер своја шоу програма ќе имаат членовите на групата Биоритам. 


На pок вечерта ќе се најдат дваесетина нови композиции кои ќе ги исполнат Ристо Самарџиев, Ѓоко Ѓорчев, Влатко Илиевски, Џокси,
Лена, Пепа, Моротов бенд, Горан Наумовски, Лена, Денис Димовски, групите Камелеон, Џентлмен и други.


Интернационалната пограма на фестивалот ќе ја пренесуваат десетина странски телевизии.


OhridNews 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1262 гласови (37%)

Не - 848 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1270 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833