ОГЛАСИ

Јирген Клоп на интересен начин ја опомена Барселона

Спорт | Свет | 11.08.2017 20:52Посети : 523

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222 милионa евра треба да биде предупредувачки за Барселона бидејќи откупната клаузула на Лео Меси е 300 милиони евра. Германскиот стручњак на овој начин ја опомена Барселона, која со сите сили тргна по фудбалерот на Ливерпул, Филипе Кутињо.



„Едноставно е, досега такво нешто изгледаше невозможно, но сега кога ќе ја видите листата со клаузули, ќе видите „Лео Меси – 300 милиони“ и тоа дејствува многу пореално отколку што беше пред еден месец. Тоа порано беше нестварна бројка, ја истресле од ракав, во стилот: „Кој би платил 300 милиони“, а сега бевме сведоци дека такво нешто се случи“, рекол германскиот тренер.


Трансферот на Нејмар крена голема прашина, а Барселона и Ла Лига се заканија дека ќе го тужат ПСЖ поради кршење на правилата од финансискиот ферплеј и веќе надлежните во УЕФА започнале да размислуваат за нови регулативи за трансферите.

„Наједноставно решение би било правилото – во кој правец да се движиме и кога сето ова би требало да престане. Најголемите клубови тоа може да го решат, да решат каде би била границата – 150 милиони или 550 милиони, тогаш никој нема да се жали“, дополнил Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, чии клуб в сабота во Вотфорд ја започнува новата сезона во Премиер лигата.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1262 гласови (37%)

Не - 848 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1270 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833