ОГЛАСИ

Водата повторно протече низ чешмите во Подмоље

Вести | Охрид | 11.08.2017 21:42Посети : 1666

Откако проблемот го актуелзираa медиумите жителите од охридското село Подмоље добија вода за пиење. Во текот на денешниот ден вода со повремени прекини има и во долниот и во горниот дел од населбата каде претходно три недели од чешмите ниту капка не капела. Дополнително јавното претпријатие за водоснабдување од општина Дебрца ангажоирало цистерни за дотур на вода, најавувајќи дека тоа ќе го прави се додека не биде надминат проблемот, кој според мештаните и сопствениците на викенд куќи се должи на нерационалната распределба на водата од локалниот водовод кој тие го изградиле за свои потреби на почетокот од 80-те години на минатиот век.


-Од ова село дадено е вода на Горенци, Требеништа, на аеродромот Охрид и на училиштето „Јахја Кемал“. - изјави Јордан Блажески, сопственик на куќа во Подмоље.



На средбата со одговорните во јавното претпријатие за водоснабдување во Дебрца жителите на Подмоље добиле уверување дека наскоро проблемот долгорочно ќе биде решен со ископ на нови бунари над селото.


Г.М.


 


 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 479 гласови (34%)

Не - 390 гласови (28%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 524 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833