ОГЛАСИ

Олимпискиот маратон на 10 километри ново спортско поглавје во Охрид

Спорт | Охрид | 13.08.2017 00:29Посети : 1501

Градот Охрид доби ново спортско поглавје, откако повеќе од успешно во водите на Охридското езеро се организираше Пливачки маратон на 10 километри кој има олимписки потенцијал и карактер. Пливачите после завршувањето на Олимпискиот маратон не го криеја задоволството, а позитивни беа и реакциите од љубителите на пливањето и на спортот кои љубопитно ја следеа кружната трка по должината на кејот Македонија.


 


- Морам прво да ја пофалам водата во Охридското езеро која беше чиста и перфектна за пливање. Условите кои ни ги понудија организаторите исто беа одлични и се на се имавме супер трка. Со Марсел Шутен се договоривме да влеземе заедно во целта и тука кој е побрз да победи. Јас за еден завеслај бев побрз и победив и многу се радувам, затоа што моето име вечно ќе стои во историјата на овој маратон. - рече победникот Венцислав Ајдарски кој е двократен учесник на Летните олимписки игри.




- Трката беше одлична и условите исто така и мислам дека овој маратон има добра и перспективна иднина. Ќе биде уште подобро да се плива во група од 50-60 пливачи за гледачите и за нас пливачите, бидејќи друга е мотивацијата кога пред тебе или до тебе имаш толкава група во која не смееш да помислиш на кикс. Ќе правам планови и следната година да дојдам во Охрид затоа што поминав добри три денови тука. - изјави сребреното момче од маратонот во Охрид, Марсел Шутен од Холандија.





На третото место од пиедесталот се искачи македонскиот пливач, Александар Илиевски, кој беше задоволен од својот перформанс и резултат.

- Останатите пливачи наметнаа многу јако темпо кое на почетокот немав намера да го пратам, бидејќи оваа должина не е моја дисциплина. Можам да кажам дека калкулирав и чував снага и сила за следната недела кога во Охрид ќе се одржува 30-километарски маратон. Сега кога ќе погледнам со кои пливачи сум се натпреварувал, можам да кажам дека сум задоволен од мојот резултат. - потенцираше Александар Илиевски.




Сите аплаузи на целта ги собра Бугарката, Василики Кадоглу која со 14 години успеа да ја победи Словенката, Ташја Козел во женска конкуренција. - Мене ми беше многу тешко иако низ разговор со другите учесници не слушнав таков збор. Особено тежок ми беше финишот кога езерото малку се разбранува. Знам дека тие се поискусни од мене и знаат што точно да прават во секој момент од трката. Сепак, во Охрид собрав доволно искуство да не се тркам и борам со другите пливачи, туку да се фокусирам само на мене и да давам максимум.



Крајниот збор за организацијата и се останато на Олимпискиот пливачки маратон на 10 километри ќе го има ФИНА која имаше седум специјални судии во Охрид. Ако маратонот помине со позитивна оценка, за многу бргу ќе бидеме домаќини на светската пливачка елита.


Мх.П.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 404 гласови (40%)

Не - 88 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 529 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833