ОГЛАСИ

Александар Маленко: Сонот ни се оствари, атакуваме на целта

Спорт | Охрид | 13.08.2017 08:15Посети : 3142

Идејата на група ентузијасти која тлее(ше) две децении и сонот на охриѓани за пливачки маратон со светска и олимписка иднина се оствари, откако во Охрид се организираше маратон на 10 километри.



Златните одличја заминаа кај бугарските пливачи Венцислав Ајдарски во машка и Василики Кадоглу женска конкуренција, но и почестите за организаторите кои без грешка го спроведоа маратонот.

- Искрено јас сум презадоволен од маратонот, кој помина прво во најдобар ред во однос на здравјето на пливачите и во нашата задача-организацијата. Датумот на одржување на маратонот не го одрабавме случајно, 12 август е денот на младите во светот. Сонот на охриѓани за организација на маратон со олимписки и светски предзнак се оствари, но ова е само почеток, бидејќи нашата цел е Охрид да добие квалификациски циклус за пливачки Мундијал или пак Олимпијада. Годинава бевме во фокусот на ФИНА и се надевам на позитивна оценка која ќе ни даде поголем елан и обврска за маратоните кои доаѓаат. Јавно сакам да им се заблогадарам на сите чинители кои ни помогнаа да го организираме маратонот и да се претставиме во најдобро светло. - изјави Александар Маленко.



Најдобри на првото издание на Олимпискиот пливачки маратон беа Венцислав Ајдарски и Василики Кадоглу од Бугарија.


Мх.П.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1225 гласови (37%)

Не - 839 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1236 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833