ОГЛАСИ

Кривична за 30-годишно лице поради предизвикување сообраќајна незгода

Вести | Охрид | 13.08.2017 12:21Посети : 4397

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од тетовското село Пршовце.



- Пријавениот, казненото дело го сторил на 12-ти јуни оваа година во 12 часот и 30 минути со предизвикување сообраќајна незгода на регионалниот пат Подмоље– Струга. Сообраќајната незгода се случила меѓу патничките возила „Ренаулт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од сега пријавениот и  „Мерцедес“ со охридски таблици управувано од лице од Охрид, кои на патот се движеле во спротивни насоки. Причина за сообраќајната незгода е недржење страна на движење на коловозот, односно не  држење на  возилото „Ренаулт“ управувано од пријавениот поблиску до десниот раб од коловозот. Поради тоа, ова возило преминало на левата сообраќајна лента и со предниот лев дел удрило во предниот лев дел од патничкиот автомобил „Мерцедес“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Ренаулт“, од селото Пршовце кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ додека со полесни повреди се здобиле двајца сопатници од истото возило. Тие, заедно со возачот на автомобилот „Мерцедес“, кој имал полесни телесни повреди, по укажана неопходна медицинска помош во болницата, се пуштени на домашно лекување.


По овластување на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, извршен е увид од страна на полициски екипи од полициската станица во Струга.


OhridNews 

 
 


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1225 гласови (37%)

Не - 839 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1236 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833