ОГЛАСИ

Пронајдена 100 години стара овошна торта во речиси совршена состојба

Занимливости | Свет | 14.08.2017 07:00Посети : 1544

Овошна торта стара над 100 години била неодамна пронајдена од страна на конзерватори на Антартик. 



Новозеландскиот фонд за Антартичко наследство откри 'рѓосана железна кутија во Кејп Адаре во која се наоѓала тортата која е најмалку 106 години стара.  


Конзерваторите велат дека кутијата била во лоша состојба, но хартиената обвивка била речиси неоштетена и тортата изгледала и мирисала како да може да се јаде. 


„На само две недели до завршувањето на конзервацијата на артефакти од Кејп Адаре, пронаоѓањето на толку добро зачувана овошна торта во последните неидентификувани и корозирани метални кутии беше изненадување.“ - изјавуваат од фондот. 


Од фондот велат дека тортата која била направена од страна на британската компанија „Хунтлеѕ анд Палмерс“, била омилен десерт на Роберт Фалкон Скот и најверојатно датира од неговата Тера Нова експедиција која траела од 1910 до 1913 година. 


„Таа е идеална храна за енергија во антартички услови и се' уште е еден од омилените десерти за вакви експедиции.“- додаваат од фондот. 


Иако тортата го преживеала векот добро, многу работа била потребна за третирање на кутијата. 


А.М. 


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833