ОГЛАСИ

Млади уметници поминуваат и по 5 илјади километри само за да музицираат во Охрид

Култура | Охрид | 15.08.2017 16:04Посети : 1293

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ завршен концерт одржаа учесниците на Меѓународниот семинар по пијано и виола, виолина и камерна музика. Овој семинар под уметничко раководство постои од 2009 година и во првите три години од постоењето се одржуваше на Истра во Хрватска. Од 2013 година се одржува во Охрид, а завршниот концерт е дел од програмата на „Охридско лето“. 



На годинешниот десетдневен семинар учествуваа 15 млади музичари од Австрија, Словенија, Хрватска и Русија, од кои тројца пијанисти, а останатите виолинисти.
 
- Семинарот годинава првпат се одржува со клавир. До минатата година имавме  само виолина со камерна музика. Имавме интензивни десет дена работа и многу нови идеи, што всушност е и целта на семинарот. Токму затоа ми е мило што продолжуваме во истиот дух и имаме голема заинтересираност и за самиот семинар, и за Охрид. Учесниците поминуваат и по 5 илјади километри  за да бидат учесници. Верувам дека така ќе биде и во иднина зашто Охрид е дел од точката за примамливост, вели уметничкиот раководител на семинарот, познатиот виолинист Емилио Перцан.



На завршниот концерт од Меѓународниот семинар, традиционално, учествуваат најуспешните ученици. Една од нив е младата виолинистка Ања Шерветс од Словенија.  
 
- На семинарот во Охрид доаѓам трета година. Овојпат пред публиката на „Охридско лето“ се претставив со дело од Вагнер.Многу сум задоволна од она што го стекнавме, а посебно ми се допаѓа амбиентот на црквата „Света Софија“, вели Шерветс.



Нејзината колешка и сонародничка Ања Шуштариќ е исто така задоволна од учеството на семинарот, но и од завршниот концерт што се одржа во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
 
- Првпат настапувам на „Охридско лето“, но Охрид сум го посетила двапати и се’ ми се допаѓа. На завршниот концерт со мојата виолина се претставив со музика на Дебиси, вели Шуштариќ.
 
Меѓународниот семинар по пијано и виолина, виола и камерна музика го организира  Музичката младина на Македонија, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833