ОГЛАСИ

Австриска изложба на фестивалот „Охридско лето“

Култура | Охрид | 18.08.2017 19:08Посети : 1309

„Роберт Музил и Првата Светска војна“ е темата на изложбата што денеска беше отворена во рамки на фестивалот „Охридско лето“.



Како што истакна амбасадорката на култура на Република Македонија во Австрија, Елена Мисиркова, Музил е еден од најзначајните а воедно и најмалку познат писател на 20 век од германското говорно подрачје.


- За Австриецот Роберт Музил може да се каже дека е еден од најзначајните автори од германското говорно подрачје којшто е воедно и најмалку познат кога зборуваме за 20-от век. Во август 1914 година тој ја презеде својата воена обврска во Горна Австрија каде што го има поминато и неговото детство и е учесник во Првата светска војна, рече Мисиркова.



Изложбата првобитно беше продуцирана од литературната куќа „Минхен“, а кустоси беа Рајнхард Витман и Каролина Кин.Потоа беше адаптирана од Адалберт Штифтер Хаус, а кустос беше Александер Веран, и во оваа форма беше презентирана во Линц 2015/2016 година.




Проектот е финансиран од Дирекцијата за култура на покраината Горна Австрија. Координацијата, од македонска страна, ја има Почесниот конзул на Република Австрија, д-р Валентина Илиева, а од австриска страна ја има м-р Кристоф Х. Бенедиктер, по налог на Дирекцијата за култура на покраината Горна Австрија. Исто така, овој проет е поддржан и од Дирекцијата за култура на покраината Горна Австрија под раководство на директорот м-р Рајнхолд Кретер.




Изложбата „Роберт Музил и Првата светска војна“ за македонската јавност е преведена на македонски јазик и проширена со општ портрет на Роберт Музил. По фестивалот „Охридско лето“, поставката ќе биде поместена и во Штип


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833