ОГЛАСИ

Светски концерт на светски музичари во хотелот „Филип“

Занимливости | Охрид | 20.08.2017 07:00Посети : 4683

„Охридскиот цивилизациски код не заслужува кич култура“
Владимир Четкар - 2006 година


Единаесет години подоцна оваа изјава на Владимир Четкар дадена во разговор за OhridNews се' уште звучи актуелно. Охрид и натаму го бара својот културен идентитет помеѓу два летни викенди во кои ушите на охриѓани и гостите им ги параат сомнителни изведувачи кои имаат третман на музички ѕвезди, додека домашниот квалитет и натаму повеќе е ценет во светот. За среќа на градот му се случуваат и настани кои го неутрализираат кичот кој го уништува духот на Охрид. Една таква културна трансформација на Охрид му се случи синоќа на прекрасната тераса на хотелот „Филип“ каде концерт одржа секстетот на светски познатиот џез и фанк музичар Владимир Четкар.




 Четкар кој изминатиот период ги освои симпатиите на публиката во Азија каде настапи на најпознатите фестивали, на охриѓани и гостите им подари незаборавен концерт кој траеше речиси три часа.



Спонтан, секогаш расположен и полн со љубов кон својот град кој неизмерно го сака, Четкар уште еднаш покажа колку го инспирира родното место. На вечерта посветена на виното и џезот во хотел „Филип“, секстетот на Четкар премиерно ја изведе темата „Јагула“, по што следеше емотивна изведба на авторските нумери кои го етаблираа на светската музичка сцена.




Вечерта на виното и џезот по трет пат се одржува во Охрид, а Четкар изрази надеж дека оваа убава традиција ќе продолжи и во иднина. Во меѓувреме него го чекаат бројни концерти низ светот до следното доаѓање во Охрид, каде тој секогаш настапува со посебен жар, како што тоа беше синоќа во хотелот „Филип“.



Светски концерт на светски музичари во хотелот „Филип“


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833