ОГЛАСИ

Колумна: Е назима треси прфут

Отворена | Колумни | 04.09.2017 09:43Посети : 3115

Така де. Уште една туристичка сезона ја пречекавме и ја шпордисавме, како казват братјата срби ми: Сваке године у сваком погледу подпрдујемо, не ... напредујемо. Да ти кажам праев една анализа....чек малку да се разберам со овај ајванов.....Еј еј еј алоооооо. Ар шо прајш? Абре какво кревање на ѓубрето абре иш од тука. Па шо ак си од Комуналец.


Цело лето те немат сега се напучи. Абре мафнисе не ни прај опструкци, ојме на светски рекорд за собрано не кренато ѓуре, ѓубре едно ѓубросано. Се мачам цело лето да складирам сега ти ќе си кренел. Се искасапивме со комшиве кој појќе ќе натрупат, кој поголема планина од смрдосија ќе напрајт, ти сега паметен се напрај, да си го кренел. Иш бре. Со Шулета се исколивме чекаме еден друг да заспиет и да си крадиме ѓубре за кој да имат поголем рекорд ти сега...ко брсјаци здушно полниме, сиктер од тука.


Извини нерви кинам со вакви недоквакани....значи многу сегменти ни влијаеја да се сме успешни ова сезона. Абе од одма се фрливме на работа да имаме чиста сезона, чист градов да останит, само и само без гости да ни е и во то успејвме, ....чек чек ми звонит детево шо ми го возит таксиво на црно. Кажи, да кажи. Како? Види го, ар негов проблем ак имат срцев удар нек пукнит нека се бутуросат.


Не бре. Све шо е под 58 километри не качви. Ар јас не ти дозволив онај шо имаше пролив да го.....како? Е нив качи ги и се знајт. До Св.Наум 117 еври. Не, не, не им кажви сега таму изгори ги и да ги видам дал до година ќе се качат в такси, дал воопшто ќе ни дојдат во Охридов наш чист, а не...Ех шо ќе сме праеле после сезона. Ак не бојкотирет нашиве ќе дремиме, прфутов од јајцава ќе го тресиме. Будала еден лапај, кркај сега после....


Извини.. ти викам уште од мај се зафативме со работа. Прво манавме танц тотем дожџишча фрливме ко анатема над градов. Голем процент се мафнаја. Под исчистивме малку. Мада види. Ова туристиве ти се ко пијајци, а престана дожџот абре одма ко бумеранг назад се вратија да им се напрдам во нив.


Ееее ама ние не сме вчерашни во туризмот....данк цените горе, вработвење келнери со доли мaсни косишча, со плетенки на градите, со црно под ноктот од палецот, келнерки со мустаќи и шо се во ПМС од ко се родени и му писнавме со услогата. Пуштивме по плажине дечишта да се мочет, да серет во езероно и некој процент од тука мафнавме. Некој процент збришавме со цените по кафаниве, некој процент со паркингот, со пајакот и поднамаливме малу. Ама малу. Не колку шо очеквевме.


Ама охриѓанец не е жив ако не му текнит. Џанк земјотресите цел месец. Абе, а тие заспаа а земјотресот ние џанк. Ко се поднавикнаа тие мал дел шо останаа, таман влегоа во шема со дијазепамите пред спијање опаааааа бам тој 5-ката преку ден. Со нас ќе си играш ти ебате беља? Абре мрш од Охрид да те немат џенемосајсе. Санким ние од туризам живејме пак ќе ве трпиме да ни се лигајте.


Се мафнаа. Ни олесна на душава. Мада за секој случај му прснавме низ цела охридска општина и во околијата со туристички детектор да провериме и опаааааа....пак нервози. Абре дестина најупорни напикани ко стаорци в канализација тие да ти се скријат во Подмоље. Абре де бре убедви ги ова она да се мафнет никако. Ич мува не ги лазит.


А така? Џанг водата и јас реков одма ќе се мафнат. Кој да се мафнит бре она катари од туристи немам видено. Абре се смрдосаа се корносаа, сурутка фатија, на газот брбушки им висеја не бре и не. Одеа во езероно вода да пијат, со лајца сркаа и се дрзнаа едно време протести праеја се бунеа до локална. Ти му викаш културно, коњу еден ради тебе е исклучена да се мафните, тие упорни на протести.


Им кажавме дека можно е да го викниме Чак Норис...не бре она им е двор и им е. И ко реков дека веќе как да е ајде ќе ги истрпиме нив дестина од многуте шо се закатанчија да летувет кај нас, незнам на кој му текна му кажа дека может да се заразет без вода, вирусишта да фатет, да се распроливет, па ќе морат да се лечат во реформираново здравство од ВМРО......евааааа....ко го слушнаа ова, абре прашта. Февга да ги немат. Ам кој знаел да му се пљукнам. Наместо таблана ОХРИД ќе клаевме ВМРО табла. И ко муви од џам ќе се одбиваја.


ЏИМИ


*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1234 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833