ОГЛАСИ

По 70000 километри поминати околу планетата светската порака за мир пристигна во Охрид

Вести | Охрид | 05.09.2017 11:48Посети : 3016

Светскиот амбасадор на мирот познат по тоа што патува со велосипед, Зелеј Јожеф, во својата богата биографија ги додаде нашиот град Охрид и Република Македонија. Унгарецот од 2014 година до сега со пораката за мир во светот има поминато 70 илјади километри, а има посетено 5 континенти и дури 74 држави.




Годинешната тура со велосипед започна од Ниш, Србија, продолжи низ Приштина, Косово, Валона, Албанија, по што Јожеф го посети Охрид каде  во име на почесниот конзул проф. д-р Марјан Бојаџиев беше примен од охридскиот бизнисмен и домаќин на средбата Ѓоко Јанев.




- На овој чекор се нафатив исклучиво за да ја пренесам пораката за мир во светот. Читајќи и учејки историја како млад многу ме трогна ''патот на смрта'' на унгарските војници во Првата светска војна. Човечките загуби во Првата и Втората светска војна никогаш да не се повторат. Сакам јавно да им искажам благодарност на унгарскиот конзулат и на домаќините во Охрид кои ми приредија изненадувачки топол пречек. - рече Зелеј Јожеф.




Тој додаде дека со секоја негова нова тура отвора и книга во која се потпишуваат луѓето на својот матичен јазик во земјите во кои минува со велосипедот.



- Книгите во кои се потпишуваат луѓето во земјите во кои поминувам ми даваат голема надеж за животот на Земјата. Кога имам повеќе време ги читам коментарите и пораките и секогаш се навраќам на моите патувања, рече Јожеф.



Следната дестинација на Зелеј Јожеф ќе биде Сардинија во Италија, каде ќе положи цвеќе и ќе постави статуа во чест на загинатите унгарски борци во Првата светска војна.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 578 гласови (30%)

Не - 1322 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833