ОГЛАСИ

Заврши 24 издание на Охридски трубадури

Занимливости | Охрид | 11.09.2017 10:43Посети : 1178

На интернационалната вечер најголемото вниманието на публиката го свртeа песните на гркинката Елизабет Христоу, дуетот Оџаклиевска –Акулов, Трито Џентлмен и настапот на Владо Калембер и Ина Гардијан.


На последната интернационална вечер на музичкиот фестивал Охридки трубадури беа изведени над 60 мелодии исполнети од македонски интерпретатори и пејачи од балканските земји. Грчката пејачка Елизабет Христоу со енергична интерпретација на песната „Ако не ме сакаш“ ги освои аплаузите на публиката и првата награда од неа, како и и втората награда од жирито.



Маја Оџаклиевска со песната „Оди си“ која ја исполни во дует со русинот Иван Акулов ја освои првата награда на жирито и втората награда од публиката.


- Ја слушнав песната „Оди си“ испеана на руски јазик. Многу ми се допадна и се потрудив да го пронајдам авторот. Му ги кажав моите импресии од мелодијата и му реков дека би сакала песната јас да ја снимам секако ако тој тоа ми го дозволи. А Иван веднаш ми рече: Нема проблем за дозвола, но зошто песната јас и ти да не ја испееме во дует. И тоа се случи. - изјаво Оџаклиевска.



Другите награди им припаднаа на песните „Немој да ме чекаш“ (Трио Џентлмен - трета награда на публика ) и на „Жена“ ( Ѓоко Ѓорчев - трета награда на жири).


Наградата „Мато Дошен“ за најдобар аранжман ја освои Селами Положани, за најдобра интерпретација – Нуша Деренда - Словенија, а наградата за најдобар сценски настап ja освои Ина Гардијан.


На поп вечерта наградите на жирито ги освоија: првата Горан Милошоски, втората и третата Моротов бенд и Трио Џентлмен. Од публиката: првата  Пепа, а втората и третата Влатко Илиевски и Трио Џентлмен.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 578 гласови (30%)

Не - 1322 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833