ОГЛАСИ

Охриѓани на референдум ќе се изјаснат за прашањето со бегалците

Вести | Охрид | 12.09.2017 15:09Посети : 2496

Со 13 гласа ЗА и два воздржани, советот на општина Охрид ги изгласа иницијативата и предлог одлуката за распишување на референдум во врска со прашањето за мигрантите.



На носењето на одлуката и претходеше долга расправа во која советниците од опозицијата го повторија ставот дека иницијативата за распишување референдум е неоснована, потенцирајќи дека во Македонија нема бегалци, освен мал број кои транзитираат. Го покренаа и прашањето околу надлежноста на советот да носи такви одлуки.



- Според законот, референдум на локално ниво распишува советот по сопствена иницијатива или по предлог на најмалку 20% од граѓаните на општината. Денес ова е по иницијатива на советниците од  ВМРО ДПМНЕ. Советот може да распише референдум на локално ниво за прашања од негова надлежност за кои со закон е овластен да одлучува. За мене сеуште е спорно дали ние сме со закон овластени да одлучуваме за оваа проблематика и да го спроведеме референдумот. Побарав од советниците на ДМПНЕ да кажат со што е загрозена општина Охрид, кој од нив побарал да им се отстапат парцели, дали има такви барања, но на тоа не добив одговор. Но, има еден пример во 2008 година, во време на власта на ДПМНЕ кога од општина Сарај е побаран простор за правење бегалски кампови. Сето ова се само дневни политички препукувања игнорирајќи ги законските процедури и прописи, рече советникот Дејан Блажески.



На ваквите обвинувања одговори претседателката на советот, Гордана Коњаноска, која потенцира дека во ниеден момент не е нарушена законската процедура.


- Советник, група советници или советничка група може во секое време и на секоја тема која е релевантна за работата на советот да поднесе иницијатива. И токму тоа се случи, заклучокот за прифаќање на иницијативата е на предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, како и одлуката за распишување на референдум. И воопшто е манипулација споменувањето на начинот на собирање на потписите и бројот, затоа што не станува збор за прифаќање на постапка на предлог на постапка за спроведување на граѓанска иницијатива, ниту на дневен ред се најде иницијатива на граѓани. Загриженоста на граѓаните кои независно дали и каде дале свои потписи, беше поттик ние како советничка група да ја поднесеме иницијативата, изјави Коњаноска.


Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски, пак со обвинувања до советниците од СДСМ кои гласаа воздржано, дека со тоа тие гласале за населување на мигранти во Охрид.



- Од туристички центар сакаат Охрид да го претворат во бегалски камп. Јасно е дека ги препознавате манипулацијата и ароганцијата на СДСМ . Денес нивните советници со тоа што беа воздржани, тие всушност гласаа за населување на мигранти во Охрид, за изградба на станови, бесплатно образование, здравство и социјални услови за мигрантите. Советниците на СДСМ беа против тоа охриѓани сами да одлучат за иднината на својата општина. За нас советниците од ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери и независните советници Настоски и Хусеини граѓаните на Охрид се пред мигрантите, рече Арнаудоски.


„Секогаш се обидуваат да ги изманипулираат граѓаните искривувајќи ги нашите ставови, одговори на обвинувањата координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.



- Ние сме против населување на бегалци на територија на општина Охрид. Ставот на СДСМ е да не се мешаат националната стратегија и градењето станови, во секоја национална стратегија дури и онаа која ВМРО ДПМНЕ ја донесе во периодот 2008- 2015 стоеше дека треба да се обезбедат локации за станови. Тоа е според меѓународните конвенции, прописи кои секоја држава во претпристапниот процес кон ЕУ мора да ги испочитува и изгради таква стратегија, ништо не е додадено во однос на стратегијата донесена од ВМРО ДПМНЕ, рече Стојаноски.


На референдумот што ќе се одржи на денот на локалните избори, 15 октомври, охриѓани ќе можат да се изјаснат на прашањето: Дали сакаат на подрачјето на општина Охрид да се доселуваат лица кои бараат азил.


Т.К.  


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 931 гласови (36%)

Не - 668 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 961 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833