ОГЛАСИ

Словенија и Шпанија полуфиналисти на Евробаскетот

Спорт | Свет | 12.09.2017 23:05Посети : 346

Селекциите на Словенија и Шпанија обезбедија пласман во полуфиналето на Евробаскетот, откако во четвртфиналните дуели ги совладаа Латвија (103-97) односно Германија (84-72).



„Црвената фурија“ до ТОП 4 ја предводеше братскиот тандем По и Марк Гасол, кој беше нерешлива енигма за германците. Марк постигна 29 поени и додаде 10 скокови, додека По реализираше 19. Во составот на Германија најпрецизен беше Шредер со 28 кошеви.

Словенците излегоа поефикасни во трилер мечот со Латвија во кој двете селекции постигнаа вкупно 200 кошеви. „Змајчеките“ реализираа шест повеќе и се пласираа меѓу најдобрите четири на стариот континент.

Останатите два полуфиналисти на Евробаскетот ќе бидат познати по одигрувањето на преостанатите четвртфинални мечеви помеѓу Грција - Русија односно Италија - Србија.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 931 гласови (36%)

Не - 668 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 961 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833