ОГЛАСИ

ЛА Лејкерс ќе ги повлече броевите на Коби Брајнт

Спорт | Свет | 13.09.2017 09:01Посети : 252

Лос Анџелес Лејкерс на посебна церемонија, која ќе се одржи на 18.декември во „Стејплс Центар“ ќе го повлечат дресот на Коби Брајант. Церемонијата ќе биде навистина посебна бидејќи Лејкерси ќе ги повлечат двата броја кои Коби ги носеше во текот на својата кариера, 8 и 24. 



Брајант дресот со број 8 го носеше од своето деби во 1996 до сезоната 2005/2006, кога започна да го носи бројот 24, со кој и ја заврши кариерата.

Коби Брајант кариерата ја заврши по завршувањето на сезоната 2015/2016 во дресот на ЛА Лејкерс, тим во кој ја мина целата кариера. Легендата на „езерџиите“ со тимот освои пет шампионски титули, два пати бил прогласуван за МВП на финалната серија, а еднаш беше и МВП на регуларниот дел од сезоната.

Брајант кариерата ја заврши со просечни 25 поени по натпревар, а на листата на најдобри стрелци се наоѓа на третото место. Пред него се само Карл Мелоун и Карим Абдул-Џабар.


„Макфакс“
OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 578 гласови (30%)

Не - 1322 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833