ОГЛАСИ

Ф1: Мекларен го раскина договорот со Хонда

Спорт | Ф1 билтен | 13.09.2017 11:29Посети : 259

Екипата на Мекларен го раскина договорот со Хонда и од наредната сезона ќе ги користи моторите на Рено. 



Јапoнската компанија пред две и пол години се врати во Формула 1, но новата ера на соработка со британскиот тим донесе исклучително лоши резултати. Во последните три сезони возачите на Мекларен имаа низа проблеми поради моторите на Хонда, кои неретко завршуваа со казни.

Хонда минатата година го унапреди моторот, но оваа година напарви неколку чекори наназад, поради што од почеткот на сезоната започнаа шпекулациите дека Мекларен ќе го раскине договорот.

Мекларен долго време бараше поуздан партнер, а како единствена реална опција се појави Рено.

Извори блиски до британскиот тим потврдиле дека Мекларен постигнал договор за тригодишна соработка со Рено.

Според договорот, мекларен ќе ги добива истите мотори кои ги користат фабричкиот тим на Рено и Ред Бул, додека Торо Росо ќе се префрли на Хонда, што исто така стои во договорот.

Познавачите на состојбите во Формула 1 тврдат дека благодарение на договорот со Рено, Мекларен е блиску на подолг период да го обезбеди потписот на Фернандо Алонсо.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 578 гласови (30%)

Не - 1321 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833