ОГЛАСИ

Охрид ЅОЅ бара мораториум за градење и преиспитување на донесените планови за градба

Вести | Охрид | 13.09.2017 10:46Посети : 731

Неформалното еколошко движење Охрид ЅОЅ упати барање до новата влада до крајот на 2017 година да донесе серија мерки и забрани во насока на подобрување на состојбата со животната средина и заштита на природата. Меѓу другото Oхрид SOS бара прогласување мораториум  за градење во Град Скопје и Охрид до целосна ревизија на донесените ДУПови и утврдување на уставноста во однос на здрава животна средина како гарантирано право на секој граѓанин и унапредувањето и штитењето животната средина и природата и начелата во Законот за просторно и урбанистичко планирање, услови за хумано живеење и работа на граѓаните, одржлив развој и заштита и унапредување на животната средина и природата.



Исто така се бара поништување на Одлуката за изградба на регионална депонија во с. Годивје и нејзино преместување надвор од сливното подрачје на Охридското Езеро, отфрлање, односно повлекување на измените на Планот за управување со НП Галичица 2011-2020, повлекување на планот за изградба на Марина на потегот канал Студенчишта кон Хотел Парк, номинирање на Охридско Езеро и Студенчишко Блато за Рамсар локација, прекин на издавање под концесија на рибниот фонд на Охридско Езеро за стопански риболов.


Покрај ова се бара и доследно спроведување на Стратегијата за одржлив развој и ИТНО преземање мерки за исполнување на задоцнетите цели, усвојување на Стратегија за биодиверзитет, ригорозен мониторинг на искористување на водата од Охридско Езеро од страна на ЕЛЕМ, отпочнување активности за изградба на рибни патеки на јагула или слични решенија за непречен излез и влез на рибите во и од Охридско Езеро во соработка со Р. Албанија, утврдување на границите и означување на сите објекти прогласени и предложени за прогласување како природно наследство, информирање на јавноста навремено и сеопфатно за сите мерки кои РМ планира да ги преземе за да ги усогласи активностите со препораките од УНЕСКО, како и воспоставување на мониторинг, перманентна контрола и надзор на сите заштитени подрачја во РМ и санирање на негативните појави.

Движењето бара и зголемување и ревизија на мрежата на заштитени подрачја во Република Македонија до 20% од територијата на Република Македонија со план кон 50%, особено во Источна Македонија, со што повеќе заштитени подрачја од прва и втора категорија, прогласување на за заштитени на веќе предложените подрачја од Просторниот план на Република Македонија (2002 - 2020), пределите во склоп на Европскиот зелен појас, Емералд мрежата и истите да се усогласат со предлогот на 26 Светскиот конзерваторски конгрес на IUCN во 2016 г. на Хаваи според кој националните паркови и заштитените подрачја се сметаат за зони каде што се забранети големи инфраструктурни проекти.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 931 гласови (36%)

Не - 668 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 961 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833