ОГЛАСИ

Есенски циклус на Часови за детски приказни на англиски јазик, уписите се во тек

Вести | Охрид | 13.09.2017 11:44Посети : 538

Црвен крст Охрид со задоволство го најавува почетокот на есенскиот циклус од едукативната програма ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК која ќе стартува на 21.09.2017 година и ќе трае 15 недели. ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК е програма која постои повеќе од 8 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.



Тимот волонтери кои ја водат програмата, на забавен и интерактивен начин ја поттикнува љубовта кон книгата и знаењето и користењето на англискиот јазик кај дечињата. Користејќи ја детската литература на англиски јазик од библиотеката во Црвен крст Охрид, дечињата учат како да се грижат за книгите, да ги чуваат, изнајмуваат, читаат и враќаат. Преку песничките и друштвените игри се овозможува децата да се дружат меѓу себе и да ги јакнат комуникациските вештини. Катчето за креативни работилници нуди одлична можност за поттикнување на креативноста, истражување и користење нови материјали и техники.


Покрај програмата за децата, оваа програма е надополнета со организирани дискусиони групи за родители. менторирани од страна на стручни лица од различни области, според потребите и желбите на родителите (педагози, психолози, педијатри, стоматолози, социјални работници...). Уписите се во тек и ќе траат до 20 септември. Заинтересираните родители со своите деца се добредојдени во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 часот, каде ќе можат да дознаат повеќе за содржинскиот дел од програмата и да пополнат соодветната апликација.


Исто така информации и запишување за следење на оваа програма може да се изврши и со електронска апликација на фејсбук страната на Црвен крст Охрид.


OhridNews


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 931 гласови (36%)

Не - 668 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 961 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833