ОГЛАСИ

Охриѓанец почина од електричен удар

Вести | Охрид | 13.09.2017 12:10Посети : 11872

Во Струга на улицата „Едвард Кардељ“, вчера околу 11.30 часот, 44-годишен охриѓанец, неговиот брат и други лица ангажирани преку фирма, извршувале градежни работи, односно местеле олуци на куќа. Додека работеле, охриѓанецот со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, при што добил електричен удар и паднал.



Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од ПС Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 883 гласови (36%)

Не - 632 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 907 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833