ОГЛАСИ

Во сабота ќе се прска против комарци

Вести | Охрид | 13.09.2017 15:22Посети : 1267

Општина Охрид и ЈЗУ Центарот за јавно здравје, ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство, во сабота, 16 септември, ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид против комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Запрашувањето ќе започне во 6 часот и ќе трае до  8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од Подмоље до населбата Св. Наум и на територијата на град Охрид.



Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 16 септември (сабота) да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.


Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.


OhridNews


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 931 гласови (36%)

Не - 668 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 961 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833