ОГЛАСИ

ОБСЕ/ОДИХР со 336 набљудувачи ќе ги следат изборите

Вести | Македонија | 13.09.2017 16:12Посети : 210

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување за Локалните избори 2017. Изборите што ќе се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје на 15 октомври ќе ги следат 336 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР. Шеснаесет експерти на ОБСЕ/ОДИХР се веќе во земјава, а ним оваа недела ќе им се придружат уште 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја, во тимови по двајца, започнувајќи од 18 септември. Пред локалните избори во Македонија ќе допатуваат уште 300 краткорочни набљудувачи кои ќе ги следат изборите во сите општини во земјата.



Набљудувачите ќе го следат процесот на регистрација на кандидатите и гласачите, кампањските активности, работата на изборната администрација и соодветните владини институции, изборната регулатива и нејзината имплементација и решавањето на изборните спорови.„Важно е да се разбере дека ние само ги набљудуваме изборите и оти не се мешаме во процесот, за којшто само известуваме“, изјави амбасадорката Одри Гловер, шеф на мисијата на денешната прес-конференција. Мисијата исто така ќе го следи и известувањето на медиумите за кампањата.


OhridNews
Макфакс

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 931 гласови (36%)

Не - 668 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 961 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833