ОГЛАСИ

Општинската ВМРО ДПМНЕ со официјално соопштение за кандидатот за градоначалник

Вести | Охрид | 14.09.2017 11:08Посети : 3830

Од општинската ВМРО ДПМНЕ со официјално соопштение по повод одлуката на претстојните локални избори да учествуваат со д-р Митко Тилевски како кандидат за градоначалник. Информираат дека со одлука на извршниот Комитет, Тилевски влегува во трката за градоначалничката функција, а носител на советничката листа е претседателот на ОК д-р Кирил Пецаков.



- Со голема мотивираност и водејќи се од одговорноста и посветеноста на работата, умереноста, исполнителноста, високата поддршка што ја има меѓу граѓаните, угледот и кредибилитетот д-р Митко Тилевски и ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа уште во првиот круг. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е успешна мисија и докажување на граѓаните дека секогаш работи во интерес на охриѓани и Охрид да биде модерен и просперитетен град, јасно застанувајќи и борејќи се против деструктивната политика на СДС, се наведува во соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ.


Д-р Митко Тилевски роден 1962 година во Скопје има завршено Медицински факултет. Специјалист-педијатар, поранешен пратеник во Собранието на РМ, деценија директор на болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо Охридски“. Оженет, сопруг и татко на две деца.


Од ВМРО ДПМНЕ повикуваат на поддршка и вклучување на граѓаните, како што велат, во кампањата за промени за добра иднина на градот, со цел на 15 октовмри уште во првиот круг д-р Митко Тилевски да ги добие потребните гласови за градоначалник на Охрид.


OhridNews



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 931 гласови (36%)

Не - 668 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 961 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833