ОГЛАСИ

И жителите на Дебрца на референдум

Вести | Охрид | 14.09.2017 12:56Посети : 1150

Советот на Општина Дебрца на денешната, 58 седница едногласно донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за отфрлање на предложеното решение за Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад во Југозападниот плански регион. Референдумот, како што одлучија советниците, би се одржал заедно со локалните избори закажани за 15 октомври годинава, со цел да не се создаваат дополнителни трошоци.



- Со распишувањето на референдумот ќе се спречи актуелната или која било идна влада да предлага локација за изградба на регионална депонија на територијата на Општина Дебрца, велат од локалната самоуправа на општина Дебрца.


Оттаму, ги повикуваат жителите масовно да го поддржат референдумот, како што велат, со цел да се стави точка на прашањето околу изградбата на регионална депонија во општината.


Ohridnews


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 578 гласови (30%)

Не - 1321 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833