ОГЛАСИ

Владата ќе дава субвенции на компаниите што ќе даваат големи плати

Вести | Македонија | 14.09.2017 15:26Посети : 574

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска ги најавија мерките од новата сеопфатна  економска програма со кои ќе се стимулирааат нови инвестиции и ќе се изедначат странските и домашните компании. Програмата содржи бројни мерки чија поента се сведува на стимулирање резултати, поголеми плати и повеќе вработувања.



Мерките нема да важат за веќе привилегираните веќе субвенционирани  компании туку само за тие што се изложени на слободниот пазар. Според Анѓушев, се предвидуваат три групи мерки. Првите, за поддршка на целата економија, без оглед дали станува збор за странски или домашни инвеститорите, дали се во зони или не.


Вторите мерки се за извозно ориентирани компании, а третите за малите и средни претпријатија. Поедноставно, владата ќе даде финансиска помош за гринфилд и браунфилд инвестиции само ако им се даде 50 отсто повисока плата  од минималната на тие што ќе бидат вработени. Станува збор за платите над 18.000 денари, под тоа нема да бидат субвенционирани. Субвенциите во овој случај ќе бидат до 16 проценти. Оваа мерка е за  привлекување инвестиции кои го ценат трудот на вработените.
За оние што ќе водат сметка за високоплатените кадри и што ќе помогнат високообразованите да не ја напуштаат земјата, односно за сите компании што ќе дадат двојно поголема плата, ќе им биде вратено 20 отсто од вредноста, така што платата ќе биде минимум 45.000 денари и ќе расте пропорционално натаму.


За странските директни инвеститори, за да ја зајакнат соработката со домашните компании,  ќе им се надоместува еден отсто  од набавките што ќе ги направат тука кај македонски фирми. Владата исто така ќе покрива до 20 отсто  од платите на нововработените и 30 отсто од вредноста на опремата  ако, освен производството, ги преселат и развојните центри тука.


За таргетираните инвестиции, односно интернационални компании со над една милијарда евра приход, ќе се обезбеди враќање на инвестициите од 10 отсто  ако покажат пораст. За сите мерки владата ќе исплаќа отпосле, врз основа на резултатите. Мерките, како што се  тврдеше, нема да извлечат повеќе пари од буџетот на Македонија од тоа што се правеше досега со напорите за привлекување инвестиции.


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 578 гласови (30%)

Не - 1321 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833