ОГЛАСИ

Преку програмата „Општинско- корисна работа“ ќе се ангажираат 10 лица во охридските градинки

Вести | Охрид | 14.09.2017 16:07Посети : 2922

Општина Охрид четврта година по ред ангажира невработени лица преку програмата „Општинско- корисна работа“ која е дел од поголемиот проект за оддржливи вработувања и се спроведува со поддршка на Агенција за вработување на Македонија и UNDP. Станува збор за активност која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, со цел стекнување на одредени вештини за полесно и постепено вклучување на пазарот на труд. 



Општина Охрид оваа година ќе ангажира 10 лица во детската градинака ЈОУДГ Јасна Ристеска со цел да се подобри воспитно-едукативната и образовна програма на најмладите во општината. Ќе бидат ангажирани следните профили: воспитувачи и негователи. Со оваа програма, конкретно лицата ќе бидат ангажирани во интервал од 6 месеци,  ќе добиваат месечен надоместок од 6.200 денари за 20 работни часа во неделата, со вклучен персонален данок, добиваат можност да се стекнат со нови работни вештини и работно искуство. Статусот на невработено лице останува непроменет и на невработените лица- корисници на социјална помош ќе им мирува остварувањето на ова право до истекот на работниот ангажман.


Огласот за пријавување од страна на Општина Охрид е објавен  на официјалната веб страница на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk заинтересираните ќе можат да се информираат и да се пријават  во Центарот за вработување Охрид.


Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:


- Млади лица до 29 години со ниски квалификации;
- Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година;
- Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;
- Родители на деца со пречки во развојот;
- Родители на три и повеќе деца;
- Самохрани родители;
- Родители на деца на улица;
- Жртви на семејно насилство


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 931 гласови (36%)

Не - 668 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 961 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833