ОГЛАСИ

Осуда за оштетувањето на возилото на новинарката Клинчарова

Вести | Македонија | 16.09.2017 07:00Посети : 450

Здружението на новинарите на Македонија го осудува оштетувањето на возилото на новинарката на неделникот Фокус, Вики Клинчарова и го оценува како директен атак врз слободата на говорот и правото на информирање.

Колешката Клинчарова, на која вчера непознати сторители со остар предмет го оштетиле нејзиното возило, минатата недела добила закани од лице со криминално досие поради објавен текст во неделникот.



- Разочарани сме од бавната реакција на полициската станица во Неготино, која испуштила веднаш да го повика на разговор лицето што упатувало закани на новинарката, со објаснување дека било празник. Политичката волја на Владата и на новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да престанат нападите на новинари нема да вроди со плод ако ваквата политика не се спроведе од сите полициски структури. Најдобра превенција на идни напади на новинари е воспоставување на ефикасен институционален механизам за остро казнување на напаѓачите на новинари. Тоа ќе ги обесхрабри насилниците и ќе создаде безбеден амбиент за работа на новинарите, без кое нема да се подобри состојбата со слободата на медиумите во Македонија. - смета ЗНМ.

ЗНМ во последните шест години има регистрирано над 50 напади на новинари, а ниту еден од насилниците не е казнет.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1254 гласови (37%)

Не - 845 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1264 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833