ОГЛАСИ

Заборавете на чекањето ред во автопералните, во Охрид пристигна првиот еко мобилен сервис за миење автомобили!

Вести | Охрид | 16.09.2017 07:00Посети : 20056

Чистењето и одржувањето на вашиот автомобил сега станува полесно од кога и да било со првиот еко мобилен сервис за миење автомобили во Охрид и Македонија "ECO WASH". Овој специјализиран сервис кој со работа започнува во среда, 20-ти септември, ќе нуди услуги на локација на којашто се наоѓа клиентот, со што се избегнува долгото чекање типично за стандардните автоперални. За почеток тоа ќе биде возможно во една од петте зони во градот каде ќе функционира мобилниот еко сервис за миење автомобили.



Покрај посочените пет зони мобилниот сервис за миење автомобили "ECO WASH" ќе нуди услуги и на секоја локација во Охрид со минимум пријавени два автомобили.



Mобилниот сервис за миење автомобили "ECO WASH" не користи средства, туку водена пареа за која е потребно 80% помалку вода отколку кај стандардната технологија за миење автомобили, што го прави овој метод на автоперална еколошки и пријателски кон животната средина. Овој начин на миење автомобили е многу поефикасен од стандардниот и не им штети на чувствителните делови во внатрешноста на автомобилот, како и на моторот. Со овој метод се постигнува поголема свежина во внатрешноста, се избегнуваат непријатните гребаници на каросеријата и и' се враќа сјајот на бојата.



Цената на основната услуга за еколошко миење автомобил на локација одредена од клиентот изнесува 300 денари, а ќе се нудат повеќе пакети на услуги. Сите што ќе ја посетат фан страната на "ECO WASH" на Фејсбук и ќе ја споделат со пријателите на својот профил, ќе добијат 15% попуст за прво миење.


OhridNews


 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1254 гласови (37%)

Не - 845 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1262 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833