ОГЛАСИ

Излезе од печат книгата „Велмешка хроника“ од Митре Велјаноски

Култура | Охрид | 18.09.2017 10:20Посети : 4614

Во издание на „Летра – дизајн“ од Охрид излезе од печат книгата „Велмешка хроника“ од Митре Велјаноски. Во своето прво литературно остварување, Митре Велјаноски, преку документирани историски факти и преку автентични животни приказни на поединци ја предава сликата на животот и премрежијата на Велмеј и велмешани во периодот на бурните историски настани од првата половина на дваесеттиот век, а преку секојдневието и живеачката на земјоделците, печалбарите, учителите, учениците, студентите, играорците, фудбалерите... – сликата на животот во неговото родно Велмеј и, воопшто, сликата на македонското село во текот на дваесеттиот век.


Рецензент на книгата е истакнатиот македонски поет Слава Ѓорѓо Димоски.


-Митре Велјаноски во оваа книга сочувал парчиња жива историја од заборав, фрлил светлина врз природата на она што ни го пренесува, а таа светлина најјарко се одразува во живиот велмешки јазик што го користи. Не интервенирајќи во него, тој ја сугерира автентичноста на кажаното. Во книгата заветил: жива историја (која се случува на еден микро-простор) и жив јазик (на кој е раскажана таа историја во истиот простор). Така, оваа книга истовремено е и историја, и анегдота, и мит, и граматика (народна), и сегашност, но, пред се, уверлива слика и на нашето село и на нашиот (народен) јазик кои со постарите генерации полека исчезнуваат, одат во заборав. Само вакви книги можат нешто да зачуваат, нешто како далечен одблесок на изгубен дијамант. - вели Славе Ѓорго Димоски.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 570 гласови (31%)

Не - 1271 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833