ОГЛАСИ

Колумна: Докторе ме болит шахтава

Отворена | Колумни | 18.09.2017 10:37Посети : 3110

Вака докторе. Значи наша мала се изградија многу згради. Седум-осум негде отприлика. Ако секоја зграда имат просечно по 30 станој то се 240 станој. Чек бре чек да ти докажам ќе ти станит јасно з`ш дојдов. Само ти мојш ова да ми го решиш. Не си бадијала доктор.Значи 240 станој 240 ќенефи. Е сега нека имат секој стан просечно по 3 станари то ти се околу 720 задници. Пример, викам пример, сeкој задник да истотолит околу 1 кило и 300 грама гомна дневно, то ќе ти дојт, ќе ти дооооојт...... околу 930 кила дневно. Абре мирен докторе ќе ме сватиш. Е сега порано пред 10-тина години цела мала максимум нека беа 350-400 кила лајништа.


Поентата ми е дека и порано за 400 кила и сега за 930 кила чоечко ѓубриво капацитетот на санитарниот чвор ни е исти. Значи не се зголеми бројот на шахтите така да сега ката ден, посебно ко ќе врнит фекалиине ко видри ни пливет по улица. А да не зборвам ко ќе дојдет на одмор скопјанишчана.....мирен бре доктори стрпи се.....ко ќе дојтет скопјанишчана з`ш тие не оти нешчо друго прает, гнети од патлиџаништана од кванташки и пиперкине и тотоли се ко на норма да се.


Така да докторе стигвиме околу еден тон гомна дневно а капацитет е за 300 кила. Муабетов ми е дај заземи како секој доктор да ни се принапрает шахти оту ќе се удајме во видрине, зарази ќе не фатет, ќе се бољкосаме, ќе се бутуросаме, лепрозни ќе се напрајме з`ш.......како? Е кој да ми го решит проблемот со шахтиве ако не ти како доктор? МОЛИМ!!!??? Не си градоначалник??? Еваааа....ни советник???


Ева ева кај ојде ова светов. Доктор е, а не е градоначалник ни советник не бил ни записничар. Ам докторе зашо ти е животов ко така. Абе ам з`ш учеше бре ти да не пукниш овде да сејш со слушалкиве? Страшна работа.


Ме кладе на две чоеков да незнајш шо да мислиш. Да не знајш дал е поубо да си директорка.....никако директорка то знам. Шо не ќе требит да прајш те дома те на работач. Значи директор на Агенција или пак некој Господин пута 2 или Митрополит.


Ова првава функција ко да ме бендисвит појќе. Јас незнаев сега разбрав. Си имал право да купвиш со службена картичка ама она шо ти е неопходно како она пуста Ботка од агенцијана за вработвење. И незнам з`ш толкава џева околу то. Машки чорапи, презервативи, “Простамол“, Жилете турбо мач со 5 ножиња, спреј за ерекција.....и други работи кои се непходни за една жена да водит нормален живот.


Мада имам неколку недоумици. Пример, велам пример....шо ќе и биле јајца ем од потполошка ем од јапонска. Не е до јајцата. До носителот на јајцата е з`ш јас колку знам, од потполог ако е,  тој е мал и немој работа да свршит. Шо и биле влажни марамамици за по хотеливе. Жити леб з`ш купила пилешки гради, з`ш аутан ко не вервам дека комарци ја боцкале. Цуцла? Уште цуцла да дудлат? Ех мори Ботке толку пари да дајш, а  да не ја купиш маскана од Сирано де Бержерак? Незнам. Добро ....Та си знајт. Голема е.


Или пак како шо реков дал да сум некој апостол. Ко прочитав абре тие ти немале пари за гол живот, абре на работ на егзистенција ти биле. Стевче ти земал мизерни 3000 еври плата. И шо со нив? Дал чоекот да турит пола или цел резервар нафта на новиот Mercedes Benz E300 cabin 01 – 2017 шо му го купивме ние како народ. Да не знајт кој крај да го фатит кутриот. Пак другите владици да ти земвет помизерни 2000-ки. И како вака?  Зато тие кутрички само барет донации за гредење на цркви з`ш крај со крај неможет да врзет. Искрено незнам дал ми се исчистени бубрезиве од сепсата иначе бар еден ќе продаев и ќе им ги донирав парите бар еден месец да поминет по нарајат. Абре да не сме ние вернициве ко ќе ојме в црква масло да носиме страдни ќе се нормална салата да каснат. Туку ај, то е.


Е уште една работа ме пикна во трилема. Зајко се усрами з`ш сме имале затвори со ептем крајно лоши услови за живеење. И него не го разбирам. Шојмат тој да се срамит. Нек се срамет тие шо ги напрај такви з`ш тие ќе ги користет. Нек му се мислет сега. Шо си посеале нека жнеат.


ЏИМИ


*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите




© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1397 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833