ОГЛАСИ

Во „Шила“ промовирана книга на отец Пимен: Колку и да сме различни можеме да бидеме добро место за живеење (видео+фото)

OhridNews TV | OhridNews TV | 21.09.2017 07:00Посети : 3917

Во кафе и бар „Шила“, синоќа се одржа охридска промоција на втората книга на Отец Пимен со наслов „Патувајќи“, во издание на „Матица македонска“ од Скопје. Книгата е збир на колумни кои авторот ги има објавено во изминатиот период на различни теми. 



Отец Пимен


-Тоа е една шаренолика книга пишувана на многи места од многу различни позиции во која преовладува една морална теологија. - изјави отец Пимен - митрополит Европски на МПЦ, колумнист и раскажувач.



Во разговор за OhridNews отец Пимен се осврна и на молкот на интелектуалците за значајни теми во општеството, посочувајќи дека многумина се одлучуваат да премолчат одредени состојби соочени со страв да не се изложат на критика.


-Да пишуваме секој на свој начин, секој со своите размислувања, за да се види дека колку и да сме различни можеме да бидеме добро место за живеење. - рече отец Пимен. Целиот разговор со отец Пимен и атмосферата од промоцијата на неговата книга „Патувајќи“ во кафе и бар „Шила“ може да го проследите во видеото подолу:


Разговор на отец Пимен за OhridNews


На промоцијата во „Шила“ присуствуваа голем број љубители на пишаниот збор, пријатели и познати личности од јавниот живот на градот. Убавата културна вечер ја надополни одличната свирка на Јован Куциноски и Јане Тодороски. 



Синоќешниот беше уште еден во низата квалитетни културни настани организирани во овој концептуален кафе-бар. Од „Шила“ која сѐ повеќе се истакнува како алтернативна арт сцена во Охрид, најавуваат слични содржини и во иднина во насока на поддршка и промоција на уметноста и културата. 


“Ги охрабруваме креативците од сите сфери да не контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма како арт и дизајн, мода, музика, книги, адвертајзинг, архитектура.“ – порачуваат од менаџерскот тим.


Г.М.


ФОТОГАЛЕРИЈА:




















Во „Шила“ промовирана книгата „Патувајќи“ од отец Пимен 


 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

OhridNews TV

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 361 гласови (39%)

Не - 74 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 482 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833