ОГЛАСИ

Протест против изградба на регионална депонија во Дебрца

Вести | Охрид | 23.09.2017 07:00Посети : 791

Во организација на Координативното тело на Дебрца за спречување на изградба на регионална депонија, денеска со почеток во 12 часот во Годивско поле-Дебрца, ќе се одржи протестна манифестација. 

- Уште еднаш, ние жителите на општина Дебрца, цивилизирано ќе пратиме порака до Владата на РМ, да се земат во предвид понудените и несоборливи аргументи на Координативното тело и населението на Дебрца, за стопирање на понатамошните активности за реализација на проектот. - велат од Координативното тело, додавајќи дека нивните активности не се поврзани на било каков начин со претстојните локални избори.



Избраната локација е местото каде е предвидена да се изгради регионална депонија за југозападниот дел на Македонија, проект кој е финансиран од Европската Унија, а го изготвува грчката фирма ЕНВИРОПЛАН С.А. во соработка и координација со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, нагласуваат организаторите.

Од Координативното тело додаваат дека аргументите кои ги наведуваат се во прилог на потреба од итно стопирање на овој проект кои биле доставени до Владата на РМ, Министерството за ЖСПП, Министерството за Здравство, Министерството за Култура, Министерството за Земјоделие, Канцеларијата на ЕУ во РМ, Канцеларијата на УНЕСКО во РМ, од каде до сега немаат добиено никаков одговор.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 361 гласови (39%)

Не - 74 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 482 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833