ОГЛАСИ

Најновите германски филмски остварувања на годинешниот фестивал во Охрид

Живот | Филм | 08.10.2017 13:12Посети : 1147

Вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев" со премиерна проекција на филмот „Чик" на познатиот германски режисер Фатих Акин, започна фестивалот на новиот германски филм. Покрај овој филм, љубителите на Европскиот филм, во наредните неколку дена ќе можат да погледнат уште пет наслови од најдобрите германски филмови од минатата и оваа година.



Вечерва ќе се прикажува трагикомедијата „Тони Ердман" кој е германски кандидат за Оскар во категоријата „филм од неанглиско говорно подрачје". Режијата е на Марен Аде, а играат актерите Сандра Хилер, Петер Симонишек, Михаел Витенборн. Почеток 20:00 часот.


Покрај овој филм, љубителите на седмата уметност ќе може да ги гледаат и следните филмови: „Авантурите на Нели" - детски филм во режија на Доминик Весели, добитник на германската филмска музичка награда 2017, во понеделник во 13.00 часот. „Херберт" - драма на Томас Штубер, понеделник 20.00 часот.


„На иста висина" - филм за деца и младинци, од Јоаким Долхопф, добитник за најдобар германски филм за деца 2017, вторник 13.00 часот. „24 недели" - драма на Ане Зохра Берахед, со Јулија Јенч и Бјарне Медел во главните улоги, сребрена награда во категоријата „Најдобар германски филм 2017". Вторник 20.00 часот.

Сите проекции се бесплатни.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 290 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833