ОГЛАСИ

СП: Чиле извиси, магичниот Меси човек на одлука за Аргентина ! (видео)

Спорт | Свет | 11.10.2017 07:33Посети : 1112

Светското првенство во Русија ќе биде збогатено со Лионел Меси и останатите репрезентативци од Аргентина, откако „гаучосите“ го фатија последниот воз за директен пласман, додека од трката во Јужна Америка отпадна Чиле. Пласман директен покрај Аргентина обезбедија Бразил, Уругвај и Колумбија, а преку бараж билет за СП ќе бара Перу.



Аргентинците во последната рунда го совладаа Еквадор со 3-1 и стигнаа до потребната победа која живот им значеше. Сепак, мечот не започна така, откако домаќините поведоа со 1-0. Тогаш, на сцена стапи Лионел Меси кој со три голови го сврте резултатот во полза на својата земја и` и донесе значајна победа. 



„Гаучосите“ голема услуга добија од Бразил кој со 3-0 го совлада составот на Чиле. Селекцијата на Перу ремизираше со Колумбија и го обезбеди потребниот бод за освојување на петтата позиција која води во баражот.

Резултати: Бразил - Чиле 3-0, Еквадор - Аргентина 1-3, Парагвај - Венецуела 0-1, Перу - Колумбија 1-1, Уругвај - Боливија 4-2.

Табела: Бразил 41, Уругвај 31, Аргентина 28, Колумбија 27, Перу 26, Чиле 26, Парагвај 24, Еквадор 20, Боливија 14, Венецуела 12.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1254 гласови (37%)

Не - 845 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1264 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833