ОГЛАСИ

Новинарот и публицист Савески со своја фотографија на големата изложба на Никон во Белград

Вести | Охрид | 11.10.2017 13:28Посети : 1188

Под покровителство на Никон -Србија, деновиве во Белград, во галеријата Прозор, се одржува изложба на стоте најуспешни фотографии, избрани во рамките на регионалниот натпревар „Јас сум 100“, организиран по повод 100. годишнината од формирањето на компанијата Никон. Меѓу поголемиот број учесници од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, со авторската фотографија „Blue Endless“, е застапен и охридскиот новинар, публицист и пасиониран љубител на фотографијата Стојан Савески.



Авторот Савески нагласува дека му е особено значајно што е дел од големото семејство на Никон, компанија која од своето основање во 1917 година па наваму е посветена на развивање на иновативни решенија, особено во делот на фотографијата.


- Настанот сам по себе беше неодминлив и предизвикувачки, така што не можев да останам рамнодушен и од поголемиот број фотогафии се одлучив да ја проследам селектираната фотографија со еден незаборавен пејсаж на Дебарското Езеровели Савески.  



Како што истакнуваат организаторите, на натпреварот пристигнале околу 4000 фотографии од од голем број уметници од споменатите земји, а жирото, составено од искусни мајстори на фотографијата, имало навистина тешка задача да избере само 100 автори, што се претставуваат на изложбата која трае до 13 октомври во спомената галерија во Белград. Инаку, од Македонија застапени се уште неколку автори на фотографија.


Ohridnews



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 361 гласови (39%)

Не - 74 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 482 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833