ОГЛАСИ

Со белите украси во езерото Охрид изгледа како светските монденски места, недостига само инфраструктура

Вести | Охрид | 11.10.2017 16:44Посети : 2895

Бројот на едрилици на Охридското Езеро расте, информираат од Капетанијата на пристаништата, каде се регистрирани 30-на вакви пловни објекти. Оттаму велат дека постојано има интерес за регистрација на нови едрилици, но голем проблем претставува немањето простор за нивно соодветно чување, на што укажуват и организаторите на "Ohrid sailing cup 2017", што се одржа денеска на водите на Охридското Езеро. Марината која е предизборно ветување веќе две и пол децении охриѓани и туристите никако да ја видат. 


- Во моментов секој се снаоѓа како умее, некои се сместени на почеток од каналот Студенчишта, некој кај пристаништето во Охрид, исто е и во Струга. - вели Стевчо Ставрев од организациониот одбор на "Ohrid sailing cup 2017".



Проблем со простор за чување има не само со едрилиците, туку воопшто со сите пловни објекти на Охридското Езеро, вели раководителот на Капетанијата на пристаништата Горан Устијаноски, посочувајќи дека изградбата на соодветна инфраструктура за оваа намена треба да биде приоритет на Охрид.


- Една од опциите е доградба на градското пристаниште со два крака, можеби преуредивање на дел од каналот што може да биде технички издржано решение во однос на безбедност, сигурност, економска оправданост и вредност на инвестиција, или доколку државата смогне сили во рамки на своите можности да направи марина низ една процедура во која треба да се чујат муслењата околу евентуалната локација каде таа би била сместена. - истакна Горан Устијаноски - раководител на Капетанијата на пристаништата Охрид.



Белите украси, како што охриѓани ги викаат едрилиците, празнично го разубавија Охридското Езеро каде денеска се одржа едриличарската регата "Ohrid sailing cup 2017". Во прекрасната глетка уживаа голем број посетители на угостителските објекти во центарот на градот кој наликуваше на познатите светски монденски места.



- Тенденцијата е овој куп да прерасне во манифестација препознатлива за градот Охрид и наутичкиот туризам и искористување на најнеискористениот спортски терен во Македонија - Охридското Езеро. - изјави Стевчо Ставрев.


На "Ohrid sailing cup 2017" учествуваа 16 екипажи од Охрид и Скопје, дел со интернационални постави, а за прв пат во една регата во Македонија се натпреваруваше и еден женски екипаж. 


Г.М.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1254 гласови (37%)

Не - 845 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1264 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833