ОГЛАСИ

АВ Охрид започнаа ново поглавје во охридската кошарка!

Спорт | Охрид | 11.10.2017 22:24Посети : 715

Со дебито во Втората АБА лига кошаркарскиот клуб АВ Охрид започна ново поглавје во охридската кошарка. АВ Охрид е прва екипа во нашиот град во поновата историја која игра во ваков систeм на натпреварување и со противници од Балканот. Охриѓани со пораз од Борац Чачак (82-62) во „Билјанини Извори“ го започнаа новиот предизвик, но без разлика пулените на Петар Чочороски се покажаа во едно добро светло со надеж за подобрување.




- Резултатски минавме многу лошо, но од играта сум задоволен. Да беше поразот од пет до десет разлика ќе беше прифатлив, вака никако не смееме да бидиме задоволни. Не знам што се случи и зошто се предадовме во последната четвртина во која не можевме ништо да загубиме. Сепак, ние натпреварите во АБА лигата ќе ги искористиме за акумулирање на потребното искуство кое ќе ни биде од голема помош за мечевите од Првата лига, која годинава ни е во фокусот. - рече Чочороски.



Бугарскиот интернационалец Станислас Цонков имаше сличен став како и тренерот дека одлуката за победата паднала во четвртата четвртина. -  Последната беше решавачка, бидејќи до таа иако губевме од време на време се враќавме и држевме резултатска неизвесност. Ние имавме некои избрзани шутеви и технички грешки, тие искусно тоа го казнуваа и заслужено се израдуваа на победата. - изјави Бугаринот.



Гостинскиот стратег Раско Бојиќ добро ја анализирал играта на АВ Охрид која многу му помогнала во текот на мечот.

- Има неколку фактори кои вечерва не одведоа до победа. Првата е затварањето на нивниот најдобар играч Бери, на кој не му дозволивме да се разигра. Исто така и тој ни помогна, откако направи три лични грешки. Потоа, неколку шутеви погодивме кога требаше и не им дозволивме на домаќините да се вратат комплетно во игра. Оваа победа ќе ни биде голем мотив за понатаму, бидејки не очекуваат доста број на натпревари годинава. - потенцираше Бојиќ.



Охридските бели во сабота против Куманово на домашен терен ќе ги продолжат мечевите во Првата лига, додека во Втората АБА лига гостуваат кај екипта на Ловќен во Црна Гора.


Мх.П.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1254 гласови (37%)

Не - 845 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1262 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833