ОГЛАСИ

Охрид SOS на кандидатите за градоначалник им нуди „Платформа за зелен и современ Охрид“

Вести | Охрид | 11.10.2017 22:36Посети : 558

Охрид ЅОЅ пред кандидатите за градоначалник излезе со „Платформа за зелен и современ Охрид“ Во неа се содржани барања чиешто исполнување ќе значи напредок за Охрид, задржување на младите во него и, секако, зачувување на едно од главните нешта што Охрид го прават туристички центар - неговата прекрасна и единствена природа, велат од неформалното еко движење Охрид SOS. 


-Очекуваме од кандидатите кои ветуваат подобар живот за охриѓани безусловно да се обврзат на исполнување на нашите барања бидејќи тие се барања на секој жител на Охрид кој сака да живее среќно и исполнето и да биде горд на својот град. Тие се барања кои ќе го унапредат животот и ќе создадат основа за одржлив развој на регионот. Управувањето со општината во изминатиот, веќе подолг период, оди во насока која ја доведе во прашање иднината на Охрид воопшто. За жал концептите за развој кои се поддржуваат не одговараат ниту на поднебјето, ниту на времето во кое живееме. Охридското Езеро е едно од 8 до 20 древни езера во светот, а планината Галичица е една од најбиодиверзитетните планини во Европа, но кусогледиот начин на менаџирање се заканува да ги жртвува овие суштински важни природни ресурси. Проектите кои се предлагаа до сега се темелат на принципите на развој на масовен туризам кој е надминат, неодржлив, со краткотрајна и ограничена добивка, и е сосема несоодветен за регионот. Охрид, во контекст на таквиот туризам станува неконкурентен, а неговата вистинска вредност и посебност се потценети. Масовниот турзиам води до несогледливи и ненадоместливо штетни последици врз основните ресурси на кои потенцијалот за развој на Охрид се темели. - велат од Охрид SOS.


Според Охрид SOS равојот на оштината е возможен само со почитување на принципот на одржливост.


- Во досегашната практика димензијата на одржлив развој е сосема занемарена, отсуствува стратешко планирање и соодветна грижа за природното и културното наследство. Охрид нема Стратегија за развој на турзимот, ниту Стратегија за управување со УНЕСКО регионот. Заштитата на Охридското Езеро се раководи според Законот за трите езера од 1977 г. и Езерото веќе бележи знаци на еутрофикација. Студенчишко Блато десетици илјади години ја прочистува езерската вода, а сепак му се закануваше целосно бетонизирање. Галичица е еден од само 20 Прекугранични биосферни резервати на УНЕСКО во целиот свет, а со предлог-измените за управување со Националниот парк, над 604 хектари треба да го изгубат степенот на заштита, стотици хектари шума ќе бидат на удар, од кои 84 хектари само од ендемичниот македонски даб. - истакнуваат од Охрид SOS.


Според Охрид SOS екологијата целосно е запоставена во општината, а компаративните предности на регионот не се искористуваат соодветно поради недостиг на соодветна стратегија за локален економски развој и стабилизација на раселувањето.


-Потребна е вистинска валоризација на брендот УНЕСКО, отворање на нови пазарни сегменти и следење на промените во побарувачката на глобално ниво, креирање на туристички производ со поголема додадена вредност со таргетирање на општествено одговорни посетители, каде што супериорноста на Охрид ќе блесне, наместо да згасне. - сметаат од Охрид SOS.


Oттаму очекуваат новоназначениот „татко“ на градот да го раководи Охрид на 21 век во кој економската добивка ќе се темели врз заштита, а не деградација на ресурсите, каде што апликацијата на современите технологии и екологијата ќе го направат светски пример за успешност.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 361 гласови (39%)

Не - 74 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 482 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833