ОГЛАСИ

ОСБСП почнува едукативна кампања „Безбедноста е најважна лекција“

Вести | Охрид | 12.10.2017 09:34Посети : 300

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, утре, 13-ти октомври, ќе почне со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“.



- Кампањата, ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид. Предвидено е, претставници на ОСБСП, да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“, во која, илустративно се поместени неколку основни правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот, информира претседателот на ОСБСП, Стефан Димоски.


Едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“ започнува утре во 10 часот во ОУ „Григор Прличев“ каде, на средбата со учениците од трето одделение ќе присуствува и униформиран полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, кој ќе помогне во практичната реализација на кампањата и низ разговор со учениците, ќе ги запознае со основните сообраќајни правила и прописи.


Целта на оваа сообраќајно-воспитна манифестација е  едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај најмладите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и нивно максимално почитување со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот.


OhridNews


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1254 гласови (37%)

Не - 845 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1262 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833